logo
logo
logo

Шајнбаум ја осуди американската акција во Венецуела

Vecer | 05.01.2026

Шајнбаум ја осуди американската акција во Венецуела

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум на денешната прес-конференција ја осуди американската интервенција во Венецуела и соборувањето на претседателот Николас Мадуро, истакнувајќи оти Мексико е против мешање во внатрешните работи на други држави.

- Ставот на Мексико за каква било форма на интервенција е цврст, јасен и историски. Мексико повторно го потврдува принцип кој не е ниту нов, ниту предмет на двосмисленост: Категорично отфрламе интервенцијата во внатрешните работи на други земји, посочи Шајнбаум.

Таа додаде додека историјата на Латинска Америка покажува дека интервенција не донела демократија.

- Само народите само можат да ја градат сопствената иднина, да одлучуваат за својот пат, да го остварат суверенитетот над своите природни ресурси и слободно да го дефинираат својот облик на владеење, наведе Шајнбаум.

Таа потенцира дека нема алтернатива за суверенитетот на Мексико.

- За Мексико, како што треба да биде за сите Мексиканци, суверенитетот и самоопределувањето на народите не се ниту опција ниту предмет на преговори. Мексико цврсто верува дека Америка не припаѓа на ниедна доктрина или моќ. Американскиот континент им припаѓа на народите на секоја од своите земји, истакна Шајнбаум.

Таа се осврна и на обвиненијата од американското претседател Доналд Трамп дека Мексико не прави доволно за борба против нарко-картелите.

- Мексико соработува со САД, вклучително и од хуманитарни причини, за да спречи фентанилот и другите дроги да стигнат до нивното население, особено до младите луѓе. Не сакаме фентанилот или која било друга дрога да стигне до ниту едно младо лице, без оглед дали е во САД, во Мексико или каде било на друго место во светот, потенцира Шајнбаум.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk