Северна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел над Јапонија во вторникот.
„Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД“, јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната администрација.
Ракетните тестови „не претставуваа никаква закана и не предизвикаа штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и региони“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата