logo
logo
logo

Доктор ја злоставувал со месеци сопругата пред да се обиде да ја турне во бездна на Хаваите

Vecer | 01.04.2025

Доктор ја злоставувал со месеци сопругата пред да се обиде да ја турне во бездна на Хаваите

Ариел тврди дека нејзиниот сопруг сексуално ја злоставувал со месеци пред ужасниот напад за време на одморот на Хаваи, објави магазинот The People.

Полицијата соопшти дека Герхард се обидел да ја турне Ариел од карпа за време на патувањето во Пали Локаут во Оаху, Хаваи. Брачниот пар бил на карпа со поглед на височина од повеќе од 300 метри кога Герхард ненадејно ја нападнал Ариел, ја турнал со лицето на земја и ја удрил најмалку десет пати со камен во главата. Кога таа била речиси без свест, се обидел да ѝ вбризга течност со шприц.

Напаѓачот успеал да побегне од местото на злосторството, но подоцна бил уапсен и обвинет за обид за убиство истиот ден. Во налогот за забрана поднесен по нападот, Ариел тврдела дека Герхард сексуално ја злоставувал со месеци пред инцидентот.

Таа не кажала колку траело злоставувањето, но во барањето навела дека промената на неговото однесување дошла во декември.

"Ме обвини дека го изневерувам и беше крајно љубоморен. Целосно се промени во декември, обидувајќи се да ги контролира и надгледува сите мои комуникации", изјавила Ариел и потврдила дека таа и нејзиниот сопруг отишле на индивидуална и заедничка терапија.

Ариел тврдела дека Герхард збеснал откако тој побарал да се слика со неа на работ од карпата, а таа му кажала дека ѝ е непријатно.

„Се налути и почна налутено да ме турка назад кон работ. Ми викаше да излезам од таму и дека му е лошо од мене“, изјавила Ариел.

Отпрвин, вели таа, мислела дека Герхард се шегува: „Набрзо сфатив дека е сериозен и дека сака да ме турне во бездната“.

Таа успеала да се спаси и да побегне од монструмот кој набрзо потоа бил уапсен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk