logo
logo
logo

Северна Кореја извршила тестирање на стратешка крстосувачка ракета

Vecer | 28.02.2025

Северна Кореја извршила тестирање на стратешка крстосувачка ракета

Корејската народна армија (КПА) тестирањето на ракетата го спровела во средата наутро, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, објави државната агенција КЦНА.

Ким ги повика севернокорејските вооружени сили да ги бранат суверенитетот и безбедноста на земјата „со сигурен нуклеарен штит“, додаде КЦНА, пренесена од германската агенција.

Агенцијата објави дека проектилите „прецизно“ ги погодиле своите зададени цели откако над два часа летале по овална траекторија долга 1.587 километри.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека употребата на зборот „стратешки“ од страна на Пјонгјанг во опишувањето на ракетите од вежбата во средата може да сугерира дека тие би можеле да имаат нуклеарни капацитети.

Тензиите на Корејскиот полуостров се зголеија откако Пјонгјанг значително ги прошири своите ракетни тестирања во текот на изминатите две години, додека ја заостри својата реторика против САД и Јужна Кореја и ја зајакна и воената соработка со Русија, потсетува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk