logo
logo
logo

Приведени се 55 лица во Истанбул поради навреди кон претседателот Ердоган

Vecer | 25.03.2025

Приведени се  55 лица во Истанбул поради навреди кон претседателот Ердоган

Акцијата е спроведена рано утринава откако Главното обвинителство на Истанбул изготви список со 41 осомничено лице што учествувале на протестите во областа Сарачхане претходната вечер. Подоцна во текот на денот биле уапсени уште 14 лица, со што вкупниот број приведени се зголеми на 55.

- Ги осудувам оние што користат недоличен јазик против нашиот претседател, неговата покојна мајка и семејството. Таков дрзок и навредлив говор му доликува само на оние што не веруваат во заедничките вредности на нашата нација, демократијата и владеењето на правото, изјави турскиот вицепремиер Џевдет Јилмаз.

Раководителот на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, Фахретин Алтун, исто така, ги осуди навредите кон Ердоган, нарекувајќи ги нивните автори „неморални и неуки“.

И покрај забраните за собирања и демонстрации што важат во Истанбул, Измир и Анкара, синоќа, по шести пат, во овие и други големи турски градови се одржаа масовни протести. Сарачхане, каде што се наоѓа Големата истанбулска општина, останува главното собиралиште на демонстрантите.

Причина за незадоволството на граѓаните е апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и на неколку членови на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП)). Од 19 март досега се уапсени над 1.100 лица, меѓу кои и новинари, а повеќе од 100 полицајци биле повредени во судирите со демонстрантите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk