logo
logo
logo

Сеул соопшти дека Пјонгјанг лансираше балистичка ракета кон Јапонско Море

Vecer | 22.04.2024

Сеул соопшти дека Пјонгјанг лансираше балистичка ракета кон Јапонско Море

Северна Кореја ја лансираше ракетата кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирана од Генералштабот во Сеул .

ДПА потсетува дека со резолуции на ОН на Северна Кореја и е забрането да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Тоа, во случајот на оваа земја, вобичаено се ракетите земја-земја, што можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава.

Во последните неколку месеци повторно дојде до зголемување на тензиите на Корејскиот полуостров, потсетува ДПА./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk