logo
logo
logo

Серијата вакцини на „Астразенека“ за кои се води истрага во Австрија била испорачана и во други 16 земји

Vecer | 10.03.2021

Серијата вакцини на „Астразенека“ за кои се води истрага во Австрија била испорачана и во други 16 земји


Серијата вакцини против Ковид-19 од компанијата „Астразенека“, кои Австрија прекина да ги користи додека ја истражува причината за смртта и болеста кај две лица кои биле вакцинирани со истата, е испорачана и од 16 други европски земји.

Австриската агенција за јавно здравје на прес-конференција потврди дека земјата ги известила другите 16 држави кои ја примиле истата серија вакцини, со околу еден милион дози, за кои се верува дека биле во испораката.

Австриските власти ја прекинаа дистрибуцијата на серијата вакцини на „Астразенека“ додека се истражува смртта на едно лице и болест кај друго, откако двете лица ја примиле дозата во иста окружна единица.

49-годишна жена починала поради тешки компликации со коагулација, а 35-годишна жена  закрепнува  откако доживеала емболија на белите дробови, иако лекарите брзо сугерирале дека нема докази за причинска врска со вакцинацијата и дека нивната истрага е од претпазливост.

Според австриските медиуми, двете жени работеле како медицински сестри на клиниката во долниот дел на земјата, каде и двете примиле дози од иста серија вакцини на „Астразенека“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека дискутирала за ситуацијата во понеделникот, но нема да ги идентификува погодените земји или да открие дали се издадени упатства во врска со одредена група.

ЕМА во јануари ја потпиша употребата на вакцината против Ковид-19 на компанијата „Астразенека“, а Светската здравствена организација одобри итна употреба неколку недели подоцна.
„Нема потврдени сериозни несакани дејства поврзани со вакцината“, рече портпаролот на „Астразенека“ во соопштението издадено како одговор на истрагата во Австрија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk