logo
logo
logo

Сенатот одобри продолжување на програмата за електронски и телефонски надзор во странство

Vecer | 20.04.2024

Сенатот одобри продолжување на програмата за електронски и телефонски надзор во странство

Американскиот Сенат денеска го одобри продолжувањето на програмата за електронски и телефонски надзор во странство, која ја користат од американските разузнавачки служби, но таа е критикувана од организациите кои ја бранат приватноста и слободата.

Белата куќа го поздрави проширувањето на програмата, „една од најважните алатки за собирање разузнавачки информации во САД“, и најави дека претседателот Џозеф Бајден брзо ќе потпише закон за тоа.

Во прашање е членот 702 од Законот за странски надзор, кој им дозволува на американските разузнавачки агенции да спроведуваат програми за електронски или телефонски надзор без потребно барање судски налог.

Програмата посебно цели на не-американците во странство, а можен е и надзор на е-пошта.

Организациите кои ја бранат приватноста и слободата остро го осудуваат текстот.

Законот за тоа беше усвоен во Претставничкиот дом пред една недела, но продолжувањето на неговата важност беше предмет на жестоки дебати. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk