logo
logo
logo

Сенаторот-демократ Крис Ван Холен изјави дека претседателот Трамп лаже кога зборува за разговори со Иран

Vecer | 24.03.2026

Сенаторот-демократ Крис Ван Холен изјави дека претседателот Трамп лаже кога зборува за разговори со Иран

Говорејќи за „Си-Ен-ЕН“ Ван Холен рече дека Трамп не ја кажува вистината кога тврди дека Иран е вклучен во преговори и оти Техеран е наводно подготвен да ги прифати сите американски барања за завршување на конфликтот.

„Знаеме дека лажe“, рече сенаторот.

Оспоруваните разговори на кои се повикува Трамп се однесуваат на неформални, задкулисни дискусии насочени кон завршување на војната, вклучувајќи барања Иран да ја запре програмата за збогатување ураниум, да се ослободи од залихите обогатен ураниум и да го отвори повторно Ормускиот теснец за меѓународен транспорт на нафта.

Ван Холен уште предупреди дека било каков американски напад врз иранската енергетска инфраструктура, вклучувајќи ги тука и плановите за напад на островот Харг, би биле воено злосторство и кршење на меѓународното право.

Трамп на платформата „Truth Social“ објави дека преговорите со Иран се одвиваат многу добро и продуктивно, најавувајќи петдневна пауза на нападите врз иранските електроцентрали и енергетската инфраструктура.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф и портпаролот на Министерството за надворешни работи, Исмаил Багхаеи, категорично ги отфрлија тврдењата на Трамп, истакнувајќи дека не се водени ниту директни ниту индиректни разговори. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk