logo
logo
logo

Иран ракетира повеќе држави на Блискиот Исток, тврдењата на Трамп за преговори со Техеран засега само во најава

Vecer | 24.03.2026

Иран ракетира повеќе држави на Блискиот Исток, тврдењата на Трамп за преговори со Техеран засега само во најава

Техеран жестоко негира дека воопшто имало разговори, кои пак Белата Куќа без да открие повеќе детали, ги оцени како флуидни. Дел од американските медиуми повикувајќи се на високи претставници во САД пренесуваат дека преговорите би можеле да се одржат во Пакистан, со учество на потпретседателот Џеј Ди Венс, а 9 април е оодреден како евентуален рок за ставање на крај на војната со Иран. Според информациите, Оман ја имал улогата на посредник, а Египет и Турција разменувале пораки меѓу двете страни. Трамп во меѓувреме, ја потвори пораката дека очекува добар договор.

-Ќе видиме што ќе се случи, мислам дека има многу добра шанса да постигнеме договор, ќе дадеме пет дена и ќе видиме каде ќе не однесе тоа и би рекол дека на крајот од овој период, мислам дека се ќе заврши со многу добар договор за сите. Добар како и да одевме до крај и буквално да го уништевме местото. - Доналд Трамп – претседател на САД

Изјавите на Трамп за заедничка контрола на Ормускиот теснец наидоа на реакција кај иранските дипломати, кои со доза на потсмев на социјалните мрежи објавуваја илустрација на детски волан-играчка прикачен на совозачкото седиште на автомобил. Дека нема најави за смирување на тензиите, потврди и жестокиот ракетен напад кој Исламската република го изврши врз северот на Израел, оштетувајќи неколку станбени згради, а израелскиот премиер Нетанјаху најави продолжување на воените дејствија и покрај можноста за некаков договор.

-Претседателот Трамп верува дека постои можност да се искористат големите достигнувања што ги постигнавме со американската војска, со цел да се реализираат воените цели во договорот - договор што ќе ги заштити нашите витални интереси. Во исто време, продолжуваме со нападите и врз Иран и врз Либан.- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел

Повик за прекин на воените дејствија повторно упати и шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен која оцени дека војната предизвикува неизмерни последици врз светската економија.

-Мислиме дека време е да се седне на преговарачката маса и да се стави кај на непријателствата, ситуацијата е критична за снабдувањето со енергенси на светски ниво. - Урсула фон дер Лајен – Претседателка на ЕК

Цената на суровата нафта на светските берзи по вчерашниот пад кој дојде кратко по објавата на Трамп за наводни разговори меѓу Вашингтон и Техеран во меѓивреме, повторно се искачи на над 100 долари за барел. Како причина за повторниот скок на цените дел од светските медиуми го наведоа негирањето на Иран дека имало било какви разговори со претставници од САД за ставање крај на војната. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk