logo
logo
logo

Семеен масакр на Сардинија: Ја убил сопругата и двете деца, пукал во мајка си, па си пресудил

Vecer | 25.09.2024

Семеен масакр на Сардинија: Ја убил сопругата и двете деца, пукал во мајка си, па си пресудил

Според медиумите, мажот отворил оган во две различни куќи во Нуоро, по што се самоубил, објави Анса.

Прво ги застрелал сопругата (43) и ќерката (26), а потоа пиштолот го насочил кон уште две деца (9 и 14). Тој пукал и ранил и сосед.

Мажот потоа отишол во куќата на својата мајка и пукал во неа, при што тешко ја ранил во главата. После тоа извршил самоубиство.

По неколку часа во болница починало уште едно од неговите деца (9).

Според медиумите тој и неговата сопруга биле разделени. Живеел во куќата на неговата мајка.

Полицијата и брзата помош брзо пристигнале на лице место. Двете улици каде се случи масакрот се блокирани, а истрагата продолжува.

Оружјето со кое се изврши масакрот се уште не е пронајдено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk