logo
logo
logo

Се затвораат плажи во Шпанија поради појава на смртоносно суштество- убаво е, но убива

Vecer | 21.08.2025

Се затвораат плажи во Шпанија поради појава на смртоносно суштество- убаво е, но убива

На плажите во општината Гвардамар дел Сегура се поставени знамиња и предупредувачки знаци поради појавата на синиот змеј, кој се смета и за едно од најубавите морски суштества, објавува „Скај Њуз“.

Синиот змеј е вид морски полжав со светло сина боја и краци слични на крилја кои содржат отров.

Типични симптоми на убод од синиот змеј вклучуваат гадење, болка, повраќање и акутен алергиски контактен дерматитис.

Градоначалникот на Гвардамар дел Сегура, Хозе Луис Саез, изјави дека забраната за пливање ќе остане на сила до понатамошно известување, по појавата на два сини змеја на плажата Виверс.

„Ги потсетуваме луѓето дека и покрај неговата светла и впечатлива боја и малата големина од 3,8 сантиметри, треба да се држат подалеку од ова животно поради неговото убод“, напиша тој на социјалната мрежа X.

На туристите им се препорачува да не допираат ниту едно од овие суштества, дури ни со ракавици, и веднаш да ги известат надлежните органи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk