По тридневни интензивни преговори, управата и синдикатот „IG Metall“ постигнаа договор за колективен договор што ќе важи до 2030 година. Согласно тој договор, на работниците ќе им се намали работното време на 32,5 часа неделно, ќе се укине правото на исплата на годишен додаток, ќе се намали износот на јубилејната награда, а на крајот нивните примања ќе се намалат во просек за околу осум отсто, пишува списанието „Феникс“.
Можеби ќе ве интересира: Бројот на банкроти на компании во Германија на највисоко ниво од 2005 година
Мерките имаат за цел да остварат заштеда во годишните трошоци за работа во износ од неколку стотици милиони евра. IG Metall пред договорот предупредуваше на „список на отровни мерки“ што според нив изнесувал околу 200 милиони евра, но сега тврдат дека таа бројка е речиси преполовена.
Покрај тоа, потврдени се плановите за големо намалување на бројот на работни места. До 2029 година се планира укинување на 1.600 работни места во производството поради затворање на одредени погони, додека до 2028 ќе се укинат уште 3.700 работни места во другите делови од концернот.
Можеби ќе ве интересира: Овие 10 професии се најплатени во Германија: Нудат „чисто злато“ за овие занимања, бројките се огромни!
Иако претходно се спомнуваше бројка од „околу 5.000“ откази, новите податоци покажуваат вкупно 5.300 работни места помалку. Со планираната продажба на делови од компанијата, се очекува бројот на вработени да се намали од сегашните 26.300 на помалку од 16.000.
Компанијата и синдикатот се договориле да нема присилни откази. Наместо тоа, се планира изработка на социјален план кој ќе вклучува отпремнини и други мерки за ублажување на последиците од реструктуирањето, а сè треба да биде договорено до септември.
Можеби ќе ве интересира: Банкоматите имаат свои правила: Германците планираат нови граници за подигнување готовина
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата