Сепак, случајот добива „бизарен тон“ откако властите објавија дека се обидуваат да ја идентификуваат младата двојка фатена на надзорните камери.
Полицијата објави видео на кое се гледаат млад човек и девојка. Тие одат под скалите што ги поврзуваат двете железнички платформи.
По неколку моменти водата почнува да прска во сите правци, а парот бега, пренесува Daily Mail.
На почетокот се мислело дека станува збор за вандализам, но потоа се огласил министерот за транспортна инфраструктура, Дени Пирсон.
„Снимката за видео надзор е прегледана и се чини дека вљубената двојка ја поместила прскалката. Ќе ги разгледаме сите детали, а можеби скалилата не е соодветно место за љубовна средба по вечерата“, рече Пирсон.
Полицијата ги објави фотографиите на младиот човек и девојката, бидејќи сметаат дека можат да помогнат во истрагата.
Додаваат дека при инцидентот се оштетени водоводната цевка и противпожарната прскалка, пренесува Гардијан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата