logo
logo
logo

Се подготвува голем протест за Навални, полицијата уапсила околу 200 лица низ цела Русија

Vecer | 21.04.2021

Се подготвува голем протест за Навални, полицијата уапсила околу 200 лица низ цела Русија


Руската полиција приведе десетици демонстранти ширум земјата на митинзите организирани од сојузниците на опозицискиот лидер Алексеј Навални поради влошената здравствена состојба, информираат руските медиуми.

Според нив, поддржувачите на најжестокиот критичар, Владимир Путин, стравуваат дека Навални може да умре наскоро и бараат да му се укаже соодветна медицинска помош.

Официјални лица посочуваат дека тој се третира како и секој друг затвореник и предупредуваат дека протестните собири се незаконски.

„ОВД-Инфо“, организација што ги следи протестите и бројот на приведени, објави дека 199 лица биле приведени во врска со протестни митинзи на десетици места низ целата земја. Според оваа организација бројот може и да се зголеми.

Десетици полициски комбиња беа испратени до центарот на градот. Плоштадот на кој планираа да се соберат активистите е опкружен со метални бариери, како и Црвениот плоштад, објавија медиумите.

Сојузниците на Навални соопштија дека прво ќе се соберат на две други локации во центарот на Москва.

Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел рече дека е „за жалење“ што најблиските соработници на Навални се притворени пред протестите.

Навални беше уапсен во јануари кога се врати во Русија по петмесечното опоравување во Германија од труење, за што тој самиот го обвинува рускиот претседател Владимир Путин.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk