logo
logo
logo

Се остварува планот на Путин и Ердоган: Турција подготвува изградба на центар за руски гас

Vecer | 04.12.2022

Се остварува планот на Путин и Ердоган: Турција подготвува изградба на центар за руски гас

„Како што знаете, Путин предложи да изградиме гасен центар во Турција за дистрибуција на гас во Европа и подготвителните работи се во тек“, рече Ердоган на средбата со младите во градот Шанлиурфа на југоистокот од земјата.

Путин неодамна на руската „Недела на енергијата“ изјави дека со Ердоган разговарал за изградба на уште еден гасовод и формирање на гасен центар во Турција, од каде гасот би се испорачувал до трети земји, пред сѐ членки на Европската унија, доколку тие се заинтересирани за купување.

Путин и Ердоган разговарале за деталите од тој план на 13 октомври во Астана, пренесе Тасс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk