logo
logo
logo

Се огласи сопругата на „Монструмот од Авињон“, откако тој и силувачите добија 400 години затвор

Vecer | 19.12.2024

Се огласи сопругата на „Монструмот од Авињон“, откако тој и силувачите добија 400 години затвор

Пред судот имаше голема гужва. Жизел се заблагодари на здружението на жртвите кое, како што вели, секогаш ѝ помагало без исклучок. Таа им се заблагодари и на новинарите кои од почетокот го следеа случајот, истакнувајќи дека тие секогаш се однесувале со почит кон неа, јавува Би-Би-Си.

„Мислам на сите други семејства погодени од оваа трагедија. Конечно, мислам на сите непознати жртви на приказните кои често се случуваат во сенка. Сакам да знаете дека ја делиме истата борба“, им рече Жизел на насобраните , додавајќи дека мисли на своите деца, внуци и на сите други семејства и жртви чии приказни често се во сенка.

„Овој процес беше многу тежок и во овој момент прво размислувам за моите три деца“, рече таа.

Таа изразила длабока благодарност до сите кои ѝ дадоа поддршка, нагласувајќи дека нивните сведоштва ѝ дале сила да го издржи овој долг процес.

Таа нагласи дека никогаш не жали што се откажала од правото на анонимност и ја отворила вратата на судењето за општеството да види што се случило.

„Верувам во нашата колективна способност да најдеме подобра иднина каде што мажите и жените ќе можат да живеат хармонично заедно, со меѓусебно почитување“, заклучи таа.

На новинарско прашање што мисли за денешните пресуди, таа одговори: „Ги почитувам судиите и ги почитувам нивните одлуки“.

Да потсетиме, судот во францускиот град Авињон денеска ги прогласи за виновни сите 50 мажи обвинети за силување на Жизел Пелико, која ја дрогираше нејзиниот поранешен сопруг, ставајќи ѝ дрога во виното за време на вечерата, по што им плаќал на мажи да ја силуваат. Мажите ги наоѓал онлајн. Тие денеска се осудени на три до 15 години затвор.

Изречените казни се помали од она што го бараше обвинителството, барајќи од четири до 18 години затвор за споменатите мажи, јавува телевизијата БФМ.

Казните што денеска ги изрече судот за 50-те обвинети се главно помалку од десет години затвор.

Претходно денеска, судот во Авињон го прогласи за виновен по сите точки Доминик Пелико, кој е обвинет дека со години ја дрогирал и подведувал неговата поранешна сопруга Жизел и го осуди на 20 години затвор – максимална казна за злосторствата што ги направил.

Тој претходно пред судот се изјасни за виновен за обвиненијата против него и побара прошка од семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk