Тој посочи дека постојат повеќе теории за падот на авионот „Ембраер 190“, но оти засега не може со сигурност да каже што се случило.
„Задачата на комисијата е целосно да го истражи случајот, да ги истражи причините за несреќата и сите нејзини детали и да обезбеди информации и мене и на азербејџанската јавност“, рече претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев на состанокот во врска со несреќа.
„Според информациите што ги добив, авионот АЗАЛ, кој летал на релација Баку-Грозни, го променил правецот поради влошување на временските услови и се упатил кон аеродромот Актау, каде што се урнал при слетувањето. На социјалните мрежи има и видеа кои се достапни до јавноста и секој може да ги погледне, сепак, сè уште не ги знаеме причините за падот, но мислам дека е прерано да се разговара за нив“, објасни тој.
Обвинителството покрена кривична постапка, а азербејџанската јавност, секако, редовно ќе биде информирана за резултатите од работата на комисијата и за напредокот на постапката.
Азербејџански патнички авион се урна во казахстанскиот град Актау, а Министерството за вонредни состојби на Казахстан соопшти дека загинале 38 луѓе.
Според последните информации од Казахстан, по падот на патнички авион во близина на градот Актау, преживеале 32 лица на кои им била укажана лекарска помош.
„Најновото ажурирање вели дека 32 лица ја преживеале авионската несреќа и се лекуваат“, изјави за време на брифингот Кенан Зејналов, виш обвинител на Прес-службата на Јавното обвинителство, пренесува АПА.
Да потсетиме, патнички авион на Азербејџан ерлајнс со 62 патници и 5 членови на екипажот се урна денеска во близина на аеродромот Акатуа во Казахстан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата