logo
logo
logo

Се огласи јужнокорејскиот претседател по гласањето за негово отповикување

Vecer | 14.12.2024

Се огласи јужнокорејскиот претседател по гласањето за негово отповикување

Тој рече дека ќе се „отстапи“ по гласањето за импичмент, пишува АФП.

Одлуката на Јеол ја втурна земјата во уставна криза додека војниците се судрија со демонстрантите на улиците на главниот град Сеул.

Првата иницијатива за импичмент против Џун Сук Јеол, за прогласување воена состојба на 3 декември, беше отфрлена минатата сабота поради немање кворум, при што речиси сите пратеници од владејачката Партија на Народната моќ го бојкотираа гласањето.

За усвојување на предлогот било потребно двотретинско мнозинство, за што би била потребна поддршка од најмалку осум пратеници од ЈПП.

Како што беше најавено, денеска во Јужна Кореја ќе се одржат собири низ земјата со барање за импичмент на претседателот Џун Сук Јеол, поради неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба минатата недела.

Планирани се протести низ поголемите градови, каде демонстрантите ќе го повикаат Џун Сук Јеол да поднесе итна оставка и да апелира до пратениците од владејачката ЈПП да го поддржат предлогот за импичмент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk