Портпаролот на Белата куќа, Стивен Чеунг, објави на X. дека Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да ги прекинува војните и да спасува животи, истакнувајќи ја неговата хуманитарна посветеност и „волја што ги движи планините“.
Чеунг додаде дека Комитетот за Нобел „ја ставил политиката над мирот“.
Комитетот за Нобел ја додели наградата на Мачадо, истакнувајќи ја нејзината работа како „храбар бранител на слободата“ во борбата против авторитарниот режим во Венецуела.
Иако американскиот претседател официјално не ја коментираше одлуката на Комитетот за Нобел, тој објави три видеа на својот профил „Truth Social“ во кои неговите поддржувачи го слават договорот за Газа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата