Рускиот производствен концерн „Калашников“ следната година ќе го зголеми производството на тактички дронови, изјави денеска директорот на холдингот Алан Лушников.
„Развиваме линија на беспилотни летала, тоа е од суштинско значење во сегашните услови“, рече Лушников.
Тој потсети дека концернот сега произведува разузнавачки и напаѓачки хеликоптери.
„Сите овие производи се покажаа многу добро оваа година. Секако, ќе го зголемиме производството и ќе развиеме нови“, рече Лушников.
Русија и Украина во војната користат дронови. И во земјите во развој се забележува истиот тренд, што се отсликува и во нарачките во воената индустрија.
Во раната фаза на војната Украина ги употребуваше турските воени дронови Бајрактар ТБ2.
Илјадници пилоти на дронови од април годинава се обучени во училиште во Киев и во 16 други ширум земјата. Институциите го носат името што претседателот на Украина, Володимир Зеленски, брзо по почетокот на руската агресија ѝ ја даде на оваа програма – „Армија на дронови”.
Дроновите го шпионираат противникот, ги предупредуваат сопствените сили од заседи, ѝ помагаат на артилеријата или и самите исфрлаат мали експлозиви во противничките ровови
Русија заостанува во трката за дронови. Се набавуваат ирански дронови кои руската армија неодамна ги користеше за големи напади врз украинската инфраструктура и градови во земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата