logo
logo
logo

Силен земјотрес во Нов Зеланд

Vecer | 25.03.2025

Силен земјотрес во Нов Зеланд

Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 160 километри северозападно од островот Снарес.

Жителите на регионите Саутленд и Фиордленд се предупредени да бидат подалеку од плажите и морските области бидејќи силните струи може да претставуваат опасност, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби.

Повеќе од 4.700 луѓе го почувствувале земјотресот, соопшти владината сеизмолошка агенција, додека новозеландските медиуми објавија дека паѓале предмети и се нишале згради.

Националното биро за метеорологија на Австралија соопшти дека нема закана од цунами за копното, островите или териториите.

Нов Зеланд се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“, регион на сеизмички раседи во Тихиот Океан, каде земјотресите и вулканите се вообичаени. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk