logo
logo
logo

Сан Диего ќе плати 30 милиони долари на семејството на тинејџер убиен од полицијата

Vecer | 06.12.2025

Сан Диего ќе плати 30 милиони долари на семејството на тинејџер убиен од полицијата

Спогодбата постигната од калифорнискиот град е меѓу најголемите во граѓанските случаи за неправедна смрт кои произлегле од убиство од страна на американските органи на редот, објави „Сан Диего Јунион Трибјун“.

Сумата за семејството на Коноа Вилсон, кој беше убиен ноќта на 28 јануари, ги надминува 27-те милиони долари добиени во 2021 година од семејството на Џорџ Флојд, чија смрт од рацете на полицаец од Минеаполис предизвика бран национални протести за расна правда во 2020 година.

Во тоа време, спогодбата во случајот Флојд се сметаше за најголема од ваков вид.

„Никогаш не сум видел град да преземе одговорност толку брзо“, изјави Николас Роули, адвокат на семејството на Вилсон, според „Сан Диего Јунион Трибјун“. „Ова е навистина благородно. ... Полицаецот се обидуваше да ги заштити луѓето. Се случи грешка“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk