logo
logo
logo

Само во Јапонија: Шефот на полицијата се поклони пред неправедно осуден човек (ВИДЕО)

Vecer | 22.10.2024

Само во Јапонија: Шефот на полицијата се поклони пред неправедно осуден човек (ВИДЕО)

Ивао Хакамада (88) чекал погубување повеќе од 50 години пред да биде ослободен на повторното судење минатиот месец.

Окружниот суд во Шизуока утврдил дека полицијата и обвинителството работеле заедно на фабрикување и подметнување докази против поранешниот боксер и употребиле насилство за да го принудат да признае. Такајоши Цуда, началникот на полицијата на префектурата Шизуока, го посети Хакамада во неговиот дом за лично да му се извини.

Стоејќи пред Хакамада, Цуда длабоко се поклони и рече: „Жал ни е што ви предизвикуваме неискажана болка и товар цели 58 години. Ужасно ни е жал“.

Хакамада, кој е во лоша здравствена состојба, одговорил: „Што значи да се има авторитет... Кога имаш моќ, не треба да мрмориш“.

Хидеко Хакамада, 91-годишната сестра која во текот на судскиот процес беше покрај својот брат и сега живее со него, му се заблагодари на началникот на полицијата што ги посетил. Таа им рече на новинарите дека нема смисла да му се жали по сите овие години, бидејќи Цуда „не бил вклучен во случајот и ги посетувал само како дел од неговата должност“.

Да потсетиме дека Хакамада беше осуден на смрт во 1968 година. Тој беше прогласен за виновен за убиство на сопругата и нивните две деца и неговиот поранешен шеф. Тој избегнал егзекуција поради долгиот процес на жалба. Поминал 27 години во затвор кога неговата прва жалба била одбиена.

Втората жалба, поднесена во 2008 година од неговата сестра, била усвоена во 2014 година и било наредено повторно судење. Хакамада станал светски рекордер затоа што никој не чекал толку долго на извршување на смртната казна како тој.

За време на новото судење, се појавија прашања за облеката обоена со крв за која иследниците рекоа дека му припаѓала и била пронајдена повеќе од една година по неговото апсење. Анализата утврдила дека примероците од крвта не му припаѓаат на Хакамада, а панталоните кои обвинителите ги доставиле како доказ, му биле премали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk