logo
logo
logo

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина

Vecer | 27.04.2024

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за Украина

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можела да и ги достави на Украина, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

„Американските системи Патриот моментално се распоредени низ целиот свет, вклучувајќи го и Блискиот Исток, за да ги заштитат американските трупи. Ако можеме да ослободиме дополнителни американски батерии, ќе ги испратиме во Украина“, изјави Саливан во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

Тој додаде дека САД се обидуваат да ги убедат партнерите во Европа и другите делови на светот да го снабдуваат Киев со постоечките ПВО системи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk