Саливан изјави за Си-Ен-Ен дека го информирал тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за опасноста, наведувајќи дека постои ризик Иран да отстапи од ветувањето дека нема да произведува нуклеарно оружје. Тој, исто така, истакна дека САД разговарале за тоа со Израел.
Саливан рече дека Трамп ќе има можност да ги продолжи преговорите со Иран за неговата нуклеарна програма со оглед на, како што ја нарече, „ослабената држава Иран“, а можеби и да постигне нуклеарен договор што „ќе ги запре иранските нуклеарни амбиции на долг рок“./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата