Централната команда на САД соопшти дека нападите имале за цел „ деградирање на иранските воени капацитети“,иранските државни медиуми објавија дека САД нападнале цивилна инфраструктура, вклучувајќи мостови, железничка станица и аеродром.
Би-Би-Си потврди напад врз еден мост западно од Бандар Абас во покраината Хормозган.
Американските ракети, исто така, погодија цели во близина на островот Кешм, во близина на теснецот, како и во Бандар Абас и Бушер – каде има нуклеарна централа.
Командата на САД не спомена мостови во својот список на „десетици ирански воени цели“ погодени во последната рунда напади, која заврши во раните утрински часови.
Деновиве, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на иран доколку земјата не се врати на разговорите.Откако Трамп во април изјави дека САД ќе бомбардираат цивилна инфраструктура во Иран, вклучувајќи мостови и електрани, комесарот за човекови права на ОН, Волкер Турк, рече дека „намерното напаѓање на цивили и цивилна инфраструктура е воено злосторство“.
Седум лица беа убиени во нападите, објави државната новинска агенција ИРНА.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата