logo
logo
logo

САД воведоа санкции за превозниците на иранска нафта

Vecer | 07.02.2025

САД воведоа санкции за превозниците на иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп на 4 февруари потпиша меморандум со кој повторно воспостави остра политика кон Иран, како и во првиот претседателски мандат. Според него Иран не може да има нуклеарно оружје.

Фокусот на иранскиот режим останува на користењето на приходите од нафтата за финансирање на својата нуклеарна програма, производство на смртоносни балистички ракети и беспилотни летала и поддршка на сојузничките терористички групи во регионот, истакна министерот за финансии Скот Бесент, особено споменувајќи ги палестинскиот Хамас, либанскиот Хезболах и јеменскиот Ансаралах.

Новите санкции се насочени кон поединци и компании во неколку земји, вклучувајќи ги Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати и танкерите „СиЕјч Билон“ (CH Billion) и „Стар форест“ (Star Forest), кои пловат под знамињата на Панама и Хонг Конг.

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан претходно ги повика земјите-членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да се обединат во отпорот против можните американски санкции./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk