САД годинава ја намалија странската помош, а водечките западни донатори на ОН, како што е Германија, го направија истото за да ги пренасочат средствата кон одбраната, што доведе до недостиг на средства во ОН.
Директорот на Канцеларијата на ОН за координација со хуманитарните работи (ОЦХА), Том Флечер истакна дека хуманитарните активности биле преоптоварени и недоволно финансирани, што значи дека ОН морала да донесе „брутални одлуки“ за да им даде приоритет на оние на кои им е најпотребна.
Стејт департментот соопшти дека „поединечни агенции на ОН ќе мора да се адаптираат намалат или умрат“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата