Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, објави на социјалните мрежи дека разговорот меѓу двајцата лидери бил „позитивен“.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп и Путин ќе одржат уште еден телефонски повик „наскоро“, по вчерашниот разговор.
Трамп ги нарече разговорите продуктивни и рече дека ќе го информира рускиот претседател по средбата со Володимир Зеленски во Флорида.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата