logo
logo
logo

САД уништија ракета што Хутите планираа да ја лансираат во Црвеното Море

Vecer | 02.03.2024

САД уништија ракета што Хутите планираа да ја лансираат во Црвеното Море

Американската Централна команда (CENTCOM) потврди дека американските сили вчера откриле ракета земја-воздух што требало да биде лансирана кон Црвеното Море, од регион контролиран од Хутите.

Командата додава дека нападот бил извршен во самоодбрана со образложение дека проектилот претставувал закана за американските авиони во регионот.

Во соопштението, исто така, се наведува дека Хутите од Јемен успеале да лансираат противбродска балистичка ракета во Црвеното Море, но дека ниту еден брод не е оштетен.

Од минатата есен, Хутите ги гаѓаат товарните бродови во Црвеното Море во сопственост или управувани од израелски компании или превезуваат стока до и од Израел во знак на солидарност со Газа.

Со ескалација на тензиите поради заедничките воздушни напади на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во Јемен, групата објави дека сите американски и британски бродови ги смета за легитимни воени цели. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk