logo
logo
logo

САД нудат 10 милиони долари за информации за шестмина Руси

Vecer | 06.09.2024

САД нудат 10 милиони долари за информации за шестмина Руси

Обвинението е насочено против пет агенти на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, како и против рускиот цивил претставен како 22-годишен хакер, Амин Тимович Стигал, кој веќе бил обвинет во јуни, пренесува Агерпрес.

Овие шест лица се „одговорни за серија деструктивни сајбер напади познати како Whispergate“, изјави заменик-јавниот обвинител Метју Олсен од Одделот за национална безбедност на американското Министерство за правда за време на прес-конференција во Балтимор, пренесува Antena Observer.

Овој масовен напад конкретно бил насочен кон „цивилна инфраструктура и украински информациски системи кои немаат никаква врска со воената или националната одбрана“, додаде тој. Обвинетите „не ги ограничија своите активности само на Украина“, посочи Олсен.

„Потоа, тие таргетираа информациски системи во други земји кои ја поддржуваат Украина во нејзината борба за опстанок“, вкупно „26 партнери на НАТО, вклучително и САД“, прецизираше американскиот функционер.

Американскиот Стејт департмент нуди награда до 10 милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на некој од обвинетите.

Обвиненијата дојдоа еден ден откако американските власти објавија серија мерки, вклучително и кривично гонење и санкции, како одговор на обидот за мешање во американските избори кои ѝ се припишуваат на Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk