logo
logo
logo

САД и ОН формираат фонд за хуманитарна помош за Судан

Vecer | 04.02.2026

САД и ОН формираат фонд за хуманитарна помош за Судан

Американските медиуми пренесуваат дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека ќе придонесе за оваа иницијатива со 200 милиони долари од фондот вреден вкупно две милијарди долари што Вашингтон го издвои минатата година за финансирање на хуманитарни проекти низ целиот свет.

ОАЕ објавија дека ќе донираат 500 милиони долари, а Саудиска Арабија и неколку други земји изразија подготвеност да помогнат, без да го прецизираат износот на нивните донации.

„Денеска испраќаме сигнал дека меѓународната заедница ќе работи заедно за да се стави крај на страдањето во Судан и да се обезбеди помошта да стигне до заедниците на кои очајно им е потребна“, изјави заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и директор на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (OCHA) Том Флечер.

Судан е во војна од 2023 година, кога паравоените сили за брза поддршка и суданската армија се судрија во борба за власт во таа земја.

ООН проценува дека повеќе од 40.000 луѓе загинале во војната, но се верува дека вистинскиот број на жртви може да биде многу пати поголем.

Конфликтот предизвика најголема хуманитарна криза во светот, во неколку судански региони е прогласен глад, а повеќе од 14 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk