Како што е објавено, Берлин и Пекинг се длабоко загрижени поради ескалацијата на кризата на Блискиот Исток, пренесува Анадолија.
Апелот го упати германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул по телефонскиот разговор со неговиот кинески колега Ванг Ји. Во изјава објавена на социјалните медиуми, Вадефул ја истакна конструктивната улога што Кина може да ја игра.
„Кина може конструктивно да го искористи своето влијание врз Иран за договорено решение и прекин на непријателствата против земјите од Заливот“, рече Вадефул.
Слободата на пловидба е приоритет
Тој нагласи дека блискиот германско-кинески дијалог останува клучен во услови на предизвикувачка глобална средина, додавајќи дека двете земји се посветени на брзо прекинување на конфликтот и заштита на слободата и безбедноста на меѓународниот поморски сообраќај.
„Германија и Кина сакаат да ја вратат слободата на пловидба во Ормутскиот теснец“, рече Вадефул. „Се согласуваме дека поединечните земји не треба да ги контролираат бродските линии или да наплаќаат патарини за премин“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата