Одекнуваат експлозии речиси во целата земја – Техеран е главна мета.

Додека во Техеран се истураат стотици бомби, во кои засега има педесетина жртви, а неофицијално меѓу нив е и министерот за одбрана на Иран Амир Хатами – на социјалните мрежи се појавија бројни видеа од иранските граѓани како прославуваат и со одобрение ги пречека нападите кои според нив се против режимот на ајатолахот Aли Камнеи.

Иран, во координација со Ирак и Јемен исто така возврати со обемни напади со балистички ракети - Експлозии се слушнаа во Ерусалим и Тел Авив, но напади се вршат и врз Катар, Дубаи, Кувајт и бази на САД во Бахреин со што Блискиот Исток Утринава се разбуди во регионална војна.

Целта на нападите е да се одбранат американските граѓани и сојузниците на САД од иранскиот режим кој е група од злобни и страшни луѓе – порача неколку моменти по првата испукана ракета американскиот претседател Доналд Трамп. 47 годишното скандирање „Смрт за Америка“ од страна на режимот, веќе нема да се толерира порача тој и ги повика иранските трупи да го положат оружјето и да добијат целосен имунитет, во спротивно им следува сигурна смрт.

-До членовите на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили и целата полиција, ви велам вечерва дека морате да го положите своето оружје и ќе имате целосен имунитет, алтернативата е да се соочите со сигурна смрт. Значи, положете го оружјето, ќе бидете третирани ферски, со целосен имунитет или ќе се соочите со сигурна смрт, – Доналд Трамп – Претседател на САД.
А, на иранските граѓани им порача да останат засолнети оти бомби ќе паѓаат на секаде, а кога експлозиите ќе се смират, тогаш да ја искористат генерациската можност да си ја преземат својата Влада, оти конечно вели ја добиле доолгочекуваната поддршка на САД..
-Кога ние ќе завршиме, преземете ја вашата Влада, ваше ќе биде да ја преземете и веројатно тоа ќе биде единствената шанса по генерации. Со години имавте потреба од американска помош, но никогаш не ја добивте, ниту еден претседател немаше волја да го направи она што јас го правам вечерва. Сега имате претседаетел кој ви го дава она што го сакате, па да видиме како ќе одговорите. Америка ве поддржува со огромна сила и разорувачка моќ,- – Доналд Трамп – Претседател на САД.
Да се создаде нов и слободен Иран граѓаните ги повика и израелскиот премиер – Нетанјаху, кој вели дека заканата кој ја има актуелниот режим е опасен и по светот и по Израел, особено откако Техеран не го поптиша новиот договор за нуклеарно оружје на кој САД инсистираше.

-Ако не ги сопреме сега, тие ќе бидат имуни и од овие причини нивните претставници во преговорите се обидуваат да „купат“ време во празни и измамнички преговори со нашите американски пријатели. Но, тираните во Иран направија фатална грешка, САД не ги „купи“ нивните лаги Заедно со САД ќе зададеме силен удар на терористичкиот режим, ќе создадеме услови во кои храбриот ирански народ да го отфрли убиствениот режим- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Иран.
Со поддршка за нападите излегоа бројни глобални и европски сојузници, меѓу нив како и италијанската премиерка Џорџа Мелони, кои нападите ги сметаат како ослободителни за иранскиот народ, до кој велат цврсто стојат.
Претседателката на европскиот совет Урсила Фон Дер Лајен, кажа дека е загрижена за последниот развој на настаните и дека ЕУ одблиску ги следи настаните.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата