Неколку станбени згради беа нападнати во бахреинскиот град Манама, потврдија властите. Екипите за цивилна заштита се на терен и спроведуваат операции за гаснење пожари и спасување на погодените локации.
Видео што кружи на социјалните мрежи покажува експлозија во облакодер лоциран во близина на седиштето на Петтата флота на американската морнарица.
Иранските медиуми тврдат дека дронот „Шахед“ го погодил главниот команден пункт на американската морнарица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата