logo
logo
logo

САД го предупреди Иран за сериозни последици во случај на нови напади

Vecer | 29.10.2024

САД го предупреди Иран за сериозни последици во случај на нови напади

- Нема да се двоумиме да се одбраниме. Да биде јасно, САД не сакаат понатамошна ескалација, но сметаме дека ова треба да биде крај на директната размена на оган меѓу Израел и Иран, изјави амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

Советот за безбедност на ОН се состана по саботниот напад на Израел врз ирански фабрики за ракети, кој следеше како одговор на иранскиот напад врз Израел од 1 октомври, кога Техеран лансираше околу 200 балистички ракети.

Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Сајед Иравани, го обвини Вашингтон дека е „соучесник“ на Израел поради воената помош што му ја обезбедува. - Иран ќе одговори на оваа агресија кога ќе одлучи, нагласи Иравани.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, повика Советот за безбедност да воведе санкции кон воената и економската инфраструктура на Иран. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk