logo
logo
logo

САД ги стави Јужна Африка и Бразил на листата за набљудување поради трговијата со луѓе

Vecer | 30.09.2025

САД ги стави Јужна Африка и Бразил на листата за набљудување поради трговијата со луѓе

Листата за набљудување е средна категорија помеѓу земјите кон кои Вашингтон нема побарувања и оние на црната листа, што води до потенцијални санкции.

- Владата на Јужна Африка идентификуваше помалку жртви, истражуваше помалку случаи и поведе помалку обвиненија, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

Заклучокот е сличен и за Бразил, кој не поведе никаква правна постапка според законот против трговијата со луѓе од 2016 година. Според Вашингтон, во Бразил десетици илјади лица се жртви на трговијата со луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk