Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, објави на социјалната мрежа X дека инцидентот се случил за време на состанок со клучните локални лидери. „Нивната мисија беше да ги поддржат тековните операции против ИСИС и антитерористичките операции во регионот“, рече Парнел. Тој додаде дека имињата на убиените нема да бидат објавени додека не бидат известени нивните семејства.
Остра порака од министерот за одбрана
Министерот за одбрана Пит Хегсет потврди дека напаѓачот е убиен од партнерските сили и испрати силна порака. „Да се знае, ако ги таргетирате Американците, каде било во светот, ќе го поминете остатокот од вашиот краток, беден живот знаејќи дека САД ќе ве ловат, ќе ве најдат и ќе ве убијат безмилосно“, напиша Хегсет на X.
The savage who perpetrated this attack was killed by partner forces.
— Secretary of War Pete Hegseth (@SecWar) December 13, 2025
Let it be known, if you target Americans — anywhere in the world — you will spend the rest of your brief, anxious life knowing the United States will hunt you, find you, and ruthlessly kill you. https://t.co/P7D9NrWpAL
Сириските медиуми известуваат
Според официјалната сириска новинска агенција САНА, американските војници биле нападнати за време на заедничка патрола со сириските сили во централна Сирија. Инцидентот го запре сообраќајот на автопатот помеѓу Деир Езор и Дамаск, а на небото беа видени американски воени авиони.
„Американските хеликоптери интервенираа за да ги евакуираат ранетите во базата Ал-Танф по инцидентот со пукањето“, објави САНА, осврнувајќи се на американската база во источна Сирија долж границата со Ирак.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата