„Не е одржливо да се соборуваат беспилотни летала што чинат илјада или две илјади долари со ракети што ве чинат можеби половина милион или милион долари. Сите ние брзо развиваме технологии и учиме од Украинците“, изјави тој за Блумберг.
Тој ги опиша неодамнешните упади со дронови во Данска како „многу загрижувачки“.
Руте рече дека американскиот претседател Доналд Трамп бил корисен за НАТО „во однос на неговиот притисок врз земјите-членки да ги зголемат воените трошоци“.
„Секогаш сум бил уверен во НАТО, но мислам дека доаѓањето на претседателот Трамп на функцијата навистина помогна“, рече Руте.
Тој истакна дека целта сега е да се изврши нов притисок врз рускиот претседател Владимир Путин „да дојде на преговарачката маса“ и да се изрази доверба „дека ќе стигнеме до таму“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата