logo
logo
logo

Едно од НАЈСТРАШНИТЕ видеа од барот на смртта во Швајцарија - луѓето очајно сакаат да излезат од ПОЖАРОТ

Vecer | 01.01.2026

Едно од НАЈСТРАШНИТЕ видеа од барот на смртта во Швајцарија - луѓето очајно сакаат да излезат од ПОЖАРОТ

Социјалните медиуми се преплавени со видеа и фотографии од бар во Швајцарија каде што најмалку 40 лица загинаа, а повеќе од 115 повредени по експлозија на пиротехника и пожар.

Видео што кружи на социјалните мрежи ги прикажува драматичните моменти на бегство на луѓе од бар зафатен од пламен во елитниот скијачки центар Кран-Монтана.

Видеото ги прикажува паничените гости како се обидуваат да се спасат, додека се слушаат вресоци и владее хаос.

Според сведоштва, некои бегале низ прозорците, додека главниот излез бил целосно блокиран од голем број луѓе.

Се слушаат и морничави вресоци на луѓе кои се обидуваат да си го спасат животот, а на скалите од клубот, луѓе паѓаат додека други одат преку нив.

Потсетуваме дека 47 лица загинаа во експлозија и пожар во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, а повеќе од 100 лица беа повредени. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Le Constellation“. Причината за експлозијата засега е непозната, а се сомнева дека станува збор за пиротехнички средства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk