logo
logo
logo

Руско- американска новинарка е осудена на шест и пол години затвор

Vecer | 22.07.2024

Руско- американска новинарка е осудена на шест и пол години затвор

Портпаролот на судот во Казан рече дека Курмашева била осудена во петокот, истиот ден кога судот во Екатеринбург го осудил новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович на 16 години затвор за шпионажа, по судењето кое и неговиот работодавец и САД го опишаа како фарса.

Стивен Капус, претседател и извршен директор на радиото РСЕ, денеска за Асошиетед прес изјави дека нејзината пресуда е „исмејување на правдата“ и додаде дека „единствениот правилен исход е руските киднапери веднаш да ја ослободат Алсу“.

Курмашева, мајка на две деца, е новинарка која живее во Прага и е во притвор во родниот руски регион Татарстан од 18 октомври. Таа претходно беше накратко уапсена во јуни минатата година додека се обидела да отпатува од Русија откако ја посетила нејзината мајка.

Судот првично ја прогласил за виновна затоа што не се изјаснила дека поседува американски пасош, што се бара според рускиот закон, и ја казниле со парична казна. Тогаш била обвинета дека не се регистрирала како „странски агент“, за што новинарката изјавила дека не се чувствува виновна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk