Автентичноста на видеото не е потврдена, а доколку се утврди дека е автентична, тоа е најголемата позната масовна егзекуција од овој тип за време на бруталниот конфликт кој трае повеќе од две и пол години, објави „Дејлимејл“.
Украинските власти велат дека на снимката се гледа дека војниците дејствувале во согласност со убиствената политика на режимот на Путин, кој го одобрува убиството на воените заробеници.
Видеото покажува 16 војници кои се предаваат како излегуваат од шумата контролирана од руските сили во близина на Покровское во областа Доњецк. Затворениците се редат на отворен простор, а потоа се појавуваат четворица војници на Путин кои отвораат оган врз нив.
❗️❗️Russian soldiers executed 16 Ukrainian prisoners of war in the Pokrovske direction. The Prosecutor’s Office has launched an investigation into this war crime committed by the Russian army
— Oriannalyla 🇺🇦 (@Lyla_lilas) October 1, 2024
On October 1, reports surfaced on Telegram channels about the possible execution of 16… pic.twitter.com/l0fqVIfUtx
Оние кои се уште давале знаци на живот наводно биле „проверени“ од непосредна близина со автоматско оружје, тврдат Украинците. Русите потоа се враќаат во шумата, која се чини дека е обвиткана со магла или чад.
„Покрената е истрага за уште едно воено злосторство од страна на руската армија“, рече главниот украински обвинител Андриј Костин, додавајќи:
„Ова е најголемиот познат случај на пукање во украински воени заробеници на линијата на фронтот. Тоа е уште еден доказ дека убиствата и мачењето на затворениците не се случајни инциденти, туку свесна политика на руското воено и политичко раководство.“
Horrifying moment Putin's troops 'line up and shoot 16 Ukrainian PoWs' in the conflict's 'most massive' execution https://t.co/7kkB0DFwnp pic.twitter.com/Y9wB8lLFuo
— Daily Mail Online (@MailOnline) October 2, 2024
Службата за безбедност на Украина (СБУ) работи на „верификација“ на видеото кое се појави на каналите на Телеграм.
Дмитро Лубинец, комесар за човекови права на украинскиот парламент, рече дека веќе испратил писма до ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст во врска со овој очигледен масакр.
„Систематските злосторства против украинските воени затвореници мора да бидат запрени и одговорните мора да одговараат“, рече тој, додавајќи:
„Нехуманата држава повторно го прекрши меѓународното хуманитарно право и Женевските конвенции, прибегнувајќи кон нови размери на егзекуција на воени заробеници“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата