Војниците вежбаа низа активности, вклучително и употреба на камуфлажа и прикривање за маскирање на движењето на копнените ракети, соопшти Министерството.
Тие, исто така, вежбаа одговор на симулирани непријателски напади и спротивставување на оружје за воздушен напад.
Министерството не информираше за лансирања на ракети.
Русија редовно одржува вежби на своите стратешки нуклеарни сили за да ја тестира нивната борбена готовност и да испрати предупредувачки сигнали до Западот во време на високи тензии со нивните противници од НАТО околу војната во Украина, наведуваат британските медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата