Трилатералните преговори за украинската криза се во пауза, но руската страна е во контакт со американската и го разгледува, пред сè, украинското прашање, изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
„Сега има пауза во трилатералните преговори. Ние имаме контакти со Американците, но гледаме дека и Украинците активно преговараат со нив. Американските преговарачи сега, знаеме за кого станува збор, се позафатени со други прашања“, изјави тој пред новинарите.
Како што додаде тој, во тек се контакти во чии рамки првенствено се разгледува украинското прашање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата