logo
logo
logo

Рускиот заменик министер за одбрана, Иванов, уапсен под сомнеж дека примал поткуп

Vecer | 24.04.2024

Рускиот заменик министер за одбрана, Иванов, уапсен под сомнеж дека примал поткуп

-Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Иванов е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело од член 6 од член 290 од Кривичниот законик што се однесува на примање поткуп, се наведува во соопштението на Комитет без дополнителни детали.

Ова кривично дело може да резултира со голема парична казна или затворска казна од повеќе од десет години, во зависност од тежината на делото.

Иванов е цел на санкции од Европската Унија, како висок функционер на Министерството за одбрана одговорен за изградба на воени објекти.

Антикорупциската фондација, основана од починатиот опозициски лидер, Алексеј Навални, објави извештај за коруптивните зделки на Иванов уште во 2022 година. Според таа истрага, заменик министерот ги надгледувал и профитирал градежните проекти во Мариупол, Украина, град кој падна под руска контрола по повеќемесечна опсада. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk