logo
logo
logo

Рускиот суд ја одби жалбата на американскиот новинар, кој е во затвор за наводна шпионажа

Vecer | 23.04.2024

Рускиот суд ја одби жалбата на американскиот новинар, кој е во затвор за наводна шпионажа

Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а бил уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.

Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до тајни информации кои требало да ѝ ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот во кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.

Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.

Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но денеска на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклена кутија во судницата и им се смешка на колегите од медиумите.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена руски затвореник, но таков договор се уште не е постигнат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk