logo
logo
logo

Руски сили нападнаа енергетска инфраструктура во регионот Суми во Украина

Vecer | 17.09.2024

Руски сили нападнаа енергетска инфраструктура во регионот Суми во Украина

Руски сили нападнаа енергетска инфраструктура во североисточниот украински регион Суми, предизвикувајќи прекини на електричната енергија во некои окрузи и принудувајќи ги властите да се префрлат на резервни енергетски системи, соопштија денеска локалните власти.

Нападот предизвикал штети во окрузите Конотоп, Охтирка и Суми, при што критичните инфраструктурни објекти користеле резервни системи за напојување, објавија регионалните власти преку апликацијата Телеграм.

Водоснабдителните објекти во Суми информираа дека ноќниот напад предизвикал прекин на струјата, поради што морале да преминат на итно напојување.

Вршителот на должноста градоначалник на Суми, Артем Кобзар, изјави дека во градот нема жртви и дека енергетските екипи работат на отстранување на последиците од нападот.

Регионалните власти објавија дека противвоздушната одбрана соборила 16 дронови над регионот.

Украинските воздушни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала 51 беспилотно летало за напад врз земјата, од кои 34 биле соборени благодарение на дејствувањето на противвоздушната одбрана во пет региони. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk