Според информациите доставени од извори од судските власти до руската новинска агенција ТАСС, станува збор за убиство извршено „во претходните години“.
Заедничка акција на полицијата и тајната служба
Милијардерот Сулејманов е уапсен во заедничка операција на Министерството за внатрешни работи и Федералната служба за безбедност (ФСБ). Кривичната постапка ја води Централниот истражен комитет.
„Ибрахим Сулејманов е уапсен во Москва. Тој е осомничен за кривично дело согласно член 105 од Кривичниот законик на Руската Федерација (убиство)“, изјави извор за ТАСС.
Кој е Ибрахим Сулејманов?
Во 2024 година, Ибрахим Сулејманов и неговиот брат Расул биле сопственици на големата ИТ компанија „Сирена-травел“, која се занимава со технологии за туристички услуги.
Деталите за самото убиство, како и времето кога наводно е извршено, засега не се познати на јавноста.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата