logo
logo
logo

Руската армија соопшти дека за три часа соборила 148 украински дронови

Vecer | 06.04.2026

Руската армија соопшти дека за три часа соборила 148 украински дронови

Руската армија соопшти дека во период од три часа нејзините сили за противвоздушна одбрана собориле вкупно 148 украински беспилотни летала, додека во делови од погодените области се работи на обновување на снабдувањето со електрична енергија.

Според руското Министерство за одбрана, дроновите биле пресретнати синоќа меѓу 20 и 23 часот.

Градоначалникот на црноморското пристаниште Новоросиск, Андреј Кравченко, изјави дека остатоци од дрон погодиле висока станбена зграда, но засега нема информации за жртви.

Во Севастопол, пристанишен град на полуостровот Крим, локалните власти соопштија дека во текот на денот биле регистрирани напади со четири дронови, додека во последниот бран напади биле соборени уште седум.

Во источниот дел на Украина во регионот Доњецк претставници на проруските власти соопштија дека напојувањето со електрична енергија е нормализирано во градовите Донецк и Макивка, што претходно беше во прекин поради украински напади врз енергетскате инфраструктура при што без струја останаа над половина милион домаќинства.

Прекини во снабдувањето со електрична енергија биле забележани и во делови од регионот Запорожје, што исто така е под руска контрола. Службите работаат на нивно отстранување.

Во меѓувреме во руската погранична област Белгород што често е цел на украински напади, дрон убил волонтер на Службата за цивилна заштита.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk